Опис
Појас за скочен зглоб со гел O9-013
- Дава поддршка на глуждот, со цел да се овозможи нормална флексија.
- Одличен за период на рехабилитација.
- Мемори пена за стабилизација и ослободување од болка.
- Велкро лепенки за совршено прилагодување и удобност.
- Може да се носи во чевли со цел да даде дополнителна стабилизација.
- Можност за топло-ладен ефект со гелот за ослободување од болка и оток.
Дизајниран е за повреди на глуждот како инверзија, еверзија, шинување и слично. Препорачлив е за периодот на рехабилитација. Изработен е од две пластични школки со гел за соодветна стабилизација. Гелот може да се загрева во врела вода или да се лади во фрижидер, давајќи физикална терапија за ослободување од болка и оток. Страничниот наклон може да се прилагодува и е флексибилен за речиси сите зглобови. За подобра имобилизација Ви препорачуваме да го вклопите во спортските патики при спортување или пешачење.
Препорачливо за:
- Имобилизација.
- Дислокација.
- Хируршки зафат на меки ткива, тетиви или лигаменти.
- Третман при фрактури.
- Нестабилност.
- Рехабилитација
- Ослободување од болка и оток.
Големина:
Универзална
Внимание : при некоја кожна реакција, чешање, Ве молиме престанете со употреба и консултирајте се со доктор.