
Направете правилен избор на помагало за движење
Помагалата за движење, било да станува збор за патерици или бастум ги користиме кога нашето нормално движење е оневозможено, но и за да го смалиме притисокот кој настанува на болното место.
Ортопедското помагало треба да се користи се додека не се врати нормалниот од на телото бидејќи со него се отстранува оптеретувањето кое резултира со болка во лумбалниот предел и на останатите зглобови кои пред тоа не биле зафатени од болка.
Доколку не можете да се ослоните на стапалото, или по препорака на доктор не смеете да го оптеретувате скочниот зглоб , колено или колк задолжително користете подпазувна патерица. Одењето на две патерици ќе ви помогне постепено да се ослонувате самостојно. Иако ослонувачот на повредената нога ќе ви биде помал во однос на здравата трудете се да одите што е можно понормално, односно секогаш настојувајте да се ослонувате прво на петата, потоа на цело стапало и конечно на прстите на повредената нога. Ослободете се од едната патерица во оној момент кога ќе процените дека можете да одите со нечија помош или можеби да ја замените со бастум доколку ви дава соодветна поддршка.
Без разлика дали користите патерица или бастум, секогаш држете ги во раката која е спротивна на повредената страна.
Кога одиме, природно е и нашите раце да се движат напред-назад и тоа на тој начин што на пример, десната рака ја ставаме напред паралелно со левата нога и обратно. Всушност овој природен начин на одење е она што сакаме да задржиме кога користиме ортопедско помагало.
При изборот на помагало многу битно е да се прилагоди и висината и да се добијат совети како тоа помагало се користи при движењето, особено кога станува збор за движење по скали. Кога се движите по скали треба да се оди по принципот: патерица – слаба нога-здрава нога.
Како да се прилагоди висината?
Една големина и висина не одговараат на сите. Наједноставен начин да се пронајде идеална висина е следниот:
- Кога ја држите патерицата и ги опуштите рацете, вашата дланка би требало да биде во висина на надколеницата. Во случај кога патерицата е превисока ќе бидете приморани да ги подигнете рамената нагоре. Обратна е ситуацијата ако патерицата е прекратка, ќе бидете во згрбавена положба. Истото се однесува и на прилагодување на висината на бастумот.
Во најголем број случаеви се користат подлактни патерици доколку е тоа возможно. Кај повозрасните и послаби луѓе кои се кондициски во полоша состојба и не можат да ја носат својата тежина на рацете ги употребуваат подпазувните патерици.Со нив добиваат поголема сигурност во одењето но пациентите се помалку мобилни во однос на оние кои употребуваат подлактни патерици. Исто така може да дојде до трнење на рацете поради притисокот на нервите во областа на пазувите при употреба на подпазувната патерица.
Од голема важност е да се научи како правилно да се користат овие помагала, особено за движење по скали. Битно е да се одржува правилниот од за пациентот да може што побрзо и полесно да се врати на своите животни активности како и пред повредата.
Сите наши помагала за движење може да ги погледнете на линкот https://superortho.com.mk/kategorija/pomagala-za-dvizhenje/