Back to top
ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ + 389 70 281 823
Следете на на:
SuperOrtho
  • Почетна
  • Производи
    • КОМПРЕСИВНИ ХУЛАХОПКИ И ЧОРАПИ
    • ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА
    • МЕДИЦИНА
  • Статии
  • За Нас
  • Контакт
Категории на производи
  • КОМПРЕСИВНИ ХУЛАХОПКИ И ЧОРАПИИ
  • ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА
  • Абдомен
  • ‘Рбетен столб
  • Рамо и Врат
  • Лакт
  • Рачен зглоб и Прст
  • Бут и Лист
  • Колено
  • Скочен зглоб
  • СИЛИКОНСКИ ПОМАГАЛА
  • ПОМАГАЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ
  • СПОРТСКИ КОМПРЕСИВНИ ЧОРАПИ
  • МЕДИЦИНА
14 Ное

Компресивните чорапи не се само моден хит

In: Блог

Се додека циркулаторниот систем е урамнотежен, целото тело функционира добро. За навистина да разбереме како функционираат компресивните чорапи потребно е да имаме основни познавања за протокот на крвта низ нашето тело. Преку циркулацијата на крвта се врши пренос на хранливи материи и кислород  до сите ткива , хранејќи ги сите телесни клетки и овозможувајќи им ослободување од отпадоци. Одржувањето на крвта богата со кислород е многу важно за спортските перформанси. За време на спортските активности телото произведува млечна киселина како отпаден материјал и доколку таа не се отстрани  придонесува за зголемен замор и намалена функционалност.

Примената на компресивните чорапи во спортот  резултира со подобрување на атлетските перформанси и побрзо опоравување.  Нивна главна карактеристика е тоа што притисокот го создаваат на долниот дел на нозете постепено.  Срцето пумпа крв во сите делови на телото, колку што е тоа возможно. Но со текот на подолго трчање, гравитацијата предизвикува акумулација на венска крв во долните делови на нозете и може да предизвика чувство на замор, слабост, грчеви. Со нивната еластична структура компресивните чорапи создаваат компресија кај листовите, стапалата и зглобовите, па така најсилната компресија е кај глуждот и нагоре кон коленото постепено се намалува.

 

Зголемување на перформансите на  спортистите

Компресивните производи со притисокот кој го создаваат крвта ја враќаат побрзо назад кон срцето и таа помалку се задржува во долниот дел на ногата. Со поголемиот проток на крв и кислород во мускулите се зголемува капацитетот на мускулната енергија и спортските перформанси се зголемуваат, болките и заморот се намалуваат а тоа е се што му е потребно на еден спортист.

Намалување на болката во мускулите

За време на спортски активности доаѓа до удирање на стапалата на земја и создавање на непотребен притисок и вибрации кои ги тресат мускулите и доведуваат до чувство на умор и болка. Компресијата го мобилизира мускулот и на тој начин го намалува тресењето . Според истражувања утврдено е дека спортистите за време на интензивен тренинг кои носеле комресивни чорапи во период по 24 часа болката во мускулите им била значително помала што не било случај со спортисти кои не носеле компресивни чорапи.

Побрзо закрепнување

Секоја повреда треба да се третира адекватно во зависност од начинот на кој настанала. Покрај адекватниот одмор, вежби, соодветни обувки носењето компресивни чорапи е од големо значење. Тие  го забрзуваат заздравувањето на повредата и спречуваат да настане нова повреда. Дозволете компресијата да им помогне на Вашите вени и ослободете се од чувството на болни и уморни нозе.

 

Користете ги компресивните чорапи за:

  • Загревање пред започнување со спортски активности како превенција од повреда
  • Подобрување на перформансите
  • Подобро функционирање за време на спортски активности
  • Подобра стабилност, координација, прецизност
  • Побрзо опоравување при повреди
  • Ослободување од мускулна тензија при интензивен тренинг

 

Изработени се од био-еластичен материјал и даваат посебно чувство на максимална  удобност. Обезбедуваат заштита на тетивите, делот кај петата е изработен од сребрени нано влакна кои се антибактериски и ослободуваат од мириси. Предниот дел го намалува притисокот на прстите, спречува триење и појава на плускавци. Нивната градуирана компресија ги прави препорачливи за користење во сите спортски и рекреативни активности.

atl

*Компресивните чорапи може да ги набавите во продажниот салон на SuperOrtho.

Контакт, локација и работно време може да погледнете на следниот линк > https://superortho.com.mk/kontakt/

Сподели...

ПРОМОЦИИ И НОВОСТИ….

Регистрирај се, и биди во тек со сите попусти...

Следете не….

SuperOrtho Ортопедски помагала и Масажери

Корисни линкови….

  • КОНТАКТ
  • ДОСТАВА
  • КОМЕНТАРИ ОД КОРИСНИЦИ

Copyright 2020 - SuperOrtho Hosting and Development by MSP Myserverplace

X