Back to top
ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ + 389 70 281 823
Следете на на:
SuperOrtho
  • Почетна
  • Производи
    • КОМПРЕСИВНИ ХУЛАХОПКИ И ЧОРАПИ
    • ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА
    • МЕДИЦИНА
  • Статии
  • За Нас
  • Контакт
Категории на производи
  • КОМПРЕСИВНИ ХУЛАХОПКИ И ЧОРАПИИ
  • ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА
  • Абдомен
  • ‘Рбетен столб
  • Рамо и Врат
  • Лакт
  • Рачен зглоб и Прст
  • Бут и Лист
  • Колено
  • Скочен зглоб
  • СИЛИКОНСКИ ПОМАГАЛА
  • ПОМАГАЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ
  • СПОРТСКИ КОМПРЕСИВНИ ЧОРАПИ
  • МЕДИЦИНА
08 Ное

Како да се ослободите од болките во коленото?

In: Блог
  • Зајакнете ги мускулите

Зајакнете ги мускулите на нозете, особено квадрицепсот, бидејќи тој дава поддршка на чашката и тетивите. Жените имаат почесто проблеми со коленото, бидејќи имаат послабо развиени мускули. Препорачуваме секојдневно вежби за зајакнување на мускулите на нозете.

 

  • Растеретете ги колената

Неправилната положба, на пример превисоки потпетици, претставуваат оптеретување на коленото. Одете што почесто боси, и кога сте надвор од дома, препорачливо е да носите ортопедски влошки за да го намалите оптеретувањето на зглобовите.

  • Спортувајте

Најдобри резултати се постигнуваат со рамномерни движења кој не го оптеретуваат претерано зглобот, како возење велосипед. Возете со мала брзина и избегавајте угорници.

  • Носете стегачи

Стегачите даваат потпора и поддршка на коленото, го намалуваат оптеретувањето и го олеснуваат движењето. Одлични се за превенција и заштита од повреди и ослободување од болки.

Како да го изберете правиот стегач за колено?

 

Моментално на пазарот постојат повеќе од 20 различни модели на стегачи за колено. Одбирањето на правиот стегач за колено треба да зависи од два фактора: која врста на повреда ја имате и кој тип на рекреативни или спортски активности ги практикувате. Еве неколку типови на стегачи за колено од продавницата за ортопедски помагала СуперОрто:

 

Затворен стегач за патела

Овој стегач воглавно се користи поради контролирање на отокот на коленичниот зглоб, и погоден е за трчање и брзо одење. Исто така, се користи и за слаба болка во коленото. Меѓутоа, не се препорачува кај оние спортски движења кои вклучуваат чучњеви или качување по скали бидејќи нема отвор на пателата, таа овозможува дополнителен притисок во пателоферморалните зглобови

koleno zatvoreno

 

Отворен стегач за патела

Отворениот стегач има поширока употреба во однос со затворениот, освен што е полесен за секојдневна употреба, се користи и за децентрирана чашка или после нејзино исчашување. Се поставува така што стабилизациониот прстен потполно ја опфаќа чашката, а особено важно е надворешните рабови на чашката добро да легнат на прстенот.

koleno otvor

 

Стегач за колено со метални шини

Овој тип на стегач обично се препишува од страна на ортопед или спортски лекар, и тоа во случаеви после операција на лигаментите на коленото. Овој е единствен тип на стегач кој се носи при секое одење. Меѓутоа, треба да се има на ум дека примена на стегач со метални делови во повеќето спортови не е препорачлив.

sini

 

Стегач за лигаменти на колено

Стегачот функционира на оптеретениот лигамент, со што го распоредува оптеретувањето на сите негови делови. Најчесто се употребува кога чуствувате болка во лигаментите на пателата при трчање/движење или скокање.

ligamenti

 

Сподели...

ПРОМОЦИИ И НОВОСТИ….

Регистрирај се, и биди во тек со сите попусти...

Следете не….

SuperOrtho Ортопедски помагала и Масажери

Корисни линкови….

  • КОНТАКТ
  • ДОСТАВА
  • КОМЕНТАРИ ОД КОРИСНИЦИ

Copyright 2020 - SuperOrtho Hosting and Development by MSP Myserverplace

X