Здрави стапала
Стапалото е изградено од 26 коски, 33 зглоба и повеќе од 100 мускули и лигаменти. Сложената структура на стапалото му овозможува поддршка и правилно држење на телото при изведување на секој чекор.
Кога еден дел е оштетен, може да влијае на секој друг дел на стапалото и да доведе до проблеми. За тоа да биде правилно мора да има нормален свод кој се формира од правилна интеракција помеѓу мускулите и тетивите на стапалото и потколеницата која со својата сила ги крева табаните нагоре.Нo, доколку мускулите се слаби не успеваат да го задржат сводот на стапалото во правилна положба и на тој начин се формира рамно стапало.
Најчести деформитети на стапалото се рамни стапала (pes planus) и стапало со висок свод (pes cavus).
Стапало со висок свод е кога внатрешниот раб на ногата е подигнат од подот во средината за да се формира лак на ногата. Висината на сводот варира од личност до личност. Тоа е помалку чест деформитет од рамно стапало.
Рамни стапала можат да бидат вродени или предизвикани од други фактори (повреда на тетивите, нервите, ревматоиден артритис и сл). Сепак, како најголема причина се јавува слабеењето на мускулите во нозете поради нивна неактивност. Тогаш наместо тежината да е рамномерно поставена на стапалото, таа паѓа на неговата внатрешна страна. Проблемот со рамни стапала не влијае само на стапалото туку и врз колената, колковите како и на држењето на телото.
Фактори на ризик:
- Дебелината. Зголемената телесна тежина доведува до зголемено оптеретување на мускулите и лигаментите кои го одржуваат нормалниот свод на стапалото.
- Затегната Ахилова тетива. Пократки мускули на листот во присуство на појавата на рамно стапало предизвикуваат зголемено оптеретување на мускулите и лигаментите
- Деформитети во колено (X колено – Гену Валгум). Слабоста на мускулите одговорни за ротација на движењета допринесуваат за појава на рамни стапала.
Третман на рамни стапала не е потребно:
– Кај деца до 10 години со флексибилни деформитети без симптоми
– Кај возрасните со деформитет кој е присутен многу години, со обострано спуштени стапала без симптоми или прогресија на деформитет.
Од особена важност е да се прават вежби секој ден 10-15 минути, без чевли со боси нозе најмалку 2 месеци во континуитет. Се советува одење по песок или нерамни површини. Покрај вежбите треба да се носат ортопедски чевли, да се намали телесната маса, да се елиминираат сите други ендогени и егзогени ризични фактори кои ја потпомагаат појавата на аномалијата.
Здравите стапала ни овозможуваат нормално движење без болки и непријатности. Препорачуваме силиконски влошки изработени од 100 % медицински силикон
Нивните најважни особини се:
- Доволно меки да обезбедат амортизација со контактот на петата и стапалото.
- Истовремено, доволно цврсти да обезбедат потпора на структурите на стапалото
- Има доволно дебелина за да се обезбеди растеретување на поединечни места на стапалото
- Во долг временски период не ги губи своите карактеристики
- Лесно се одржуваат
- Анти-Алергиски
- Ослободуваат од мириси
- Може да се направи мала корекција со ножици за да се прилагоди на било која големина
